Press "Enter" to skip to content

Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола

Дежурни јавни обвинители извршија увиди на лице место по двете тешки сообраќајни несреќи со смртни последици што се случија изминатиов викенд во близина на Куманово и Битола.

Со цел целосно расчистување на случаите, надлежните органи издадоа наредби за обдукција на починатите, како и за дополнителни технички и сообраќајни вештачења. Наредена е и детална проверка на сите околности под кои се случиле несреќите.

Првичните увидни резултати за несреќата кај Битола упатуваат на тоа дека причината за судирот е невнимателно возење. Според првичните сомненија на истрагата, едниот од возачите со својот автомобил преминал на спротивната коловозна лента, по што дошло до директен судрил со другото возило. Возачот кој преминал во спротивната насока во моментов е хоспитализиран со тешки телесни повреди, а истрагата за овој случај продолжува.

Инаку во соопшението на СВР Битола стои:

Според информацијата од СВР Битола сообраќајката се слулчи на 19 септември во 18:29 часот патот Битола – Прилеп, кај место викано „Туланата“. Судирот настанал межу патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(28) од с.Канатларци, прилепско и патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(48) од с.Долно Српци, општина Могила. На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „опел“, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Возачот на возилото „опел“ Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете од с.Долно Српци, сопатници во возилото „форд“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, а со повреди се здобил и возачот М.Н.

More from ВестиMore posts in Вести »