Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за дрога, нападнат малолетник

На 24.09.2026 во 00:20 часот на ул.„Мордо Нахмијас Лазо” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.К. (47) и К.Б. (36), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај А.К. била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.09.2026 во 15:00 часот во СВР Битола, П.С. (40) од Битола пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од Н.Ч. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.