На 28.09.2026 во 23:40 часот во с. Долно Оризари , битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Љ.Д. (62) од с.Долно Оризари, постапувајќи по пријава од 21-годишник од Битола дека Љ.Д. физички го нападнал и му се заканувал со огнено оружје. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.09.2026 во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Битола извршија увид на ул.„Македонска Фалангa” во Битола, по претходна пријава дека во автосервис на ул.„Македонска Фалангa” бил пронајден починат Ф.Е. (43) од Битола. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а јавен обвинител нареди обдукција врз починатиот.






