Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: три приведување во спортската сала, нападнат малолетник од родител на соученик

На 30.09.2026 во 22:20 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 38 годишник од Битола затоа што при преглед кај него за време на одигрување на меѓународен ракометен натпревар биле пронајдени два ножеви. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.09.2026 во 22:35 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода две лица на возраст од 20 и 19 години, двајцата од Битола, затоа што го нарушувале јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.09.2026 во 20:50 часот во СВР Битола , Т.А. (43) од Битола пријави дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од родител на негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

More from ВестиMore posts in Вести »