
-Дегенеративната болест или предвременото страеење на зглобовите се однесува на неколку состојби кои влијаат на вашите зглобови. Дегенеративната болест на зглобовите може да влијае на кој било зглоб, но најчесто се јавува во колената, колковите, рацете, вратот или ‘рбетот. Најчестиот вид дегенеративна болест на зглобовите е остеоартритисот исто во оваа група спаѓаат.
-Обезбедуваат сеопфатна нега за дегенеративни заболувања на зглобовите, вклучувајќи нехируршки третман и превенција е наша област.
Грижете се пред да биде предоцна
Дегенерацијата на коските може да започне тивко, но нејзиното влијание расте со текот на времето. Раната дијагноза и навремениот третман можат да ве спасат од години непријатност и ограничено движење.
Причината за појава на дегенеративниот процес :
-Абење на ‘рскавицата: Дневните нправилни движења и повторувачкиот стрес постепено ја трошат ‘рскавицата, правејќи ги зглобовите поранливи.
-Соодветно на тоа, стратегиите за интервенција вклучуваат нефармаколошки пристапи, како што се оптимизација на исхраната, физичка активност и избегнување на алкохол и тутун, како и фармаколошки терапии, вклучувајќи антиресорптивни агенси, анаболни лекови за формирање на коски и сенолитици.
-Најуспешните програми за третман на дегенеративни заболувања на зглобовите и коските вклучуваат комбинација од витамини, физикална терапија, модификации на животниот стил, техники за ублажување на болката и одмор. Во фаза каде оштетувањето е во крајна фаза каде конзервативниот третман не дава резултат, може да биде потребна операција. Дегенеративните заболувања на коските и зглобовите може да се спречат со усвојување на програма за умерено вежбање за одржување на силата, флексибилноста и рамнотежата.
Улога на физиотерапијата
Физиотерапевтскиот пристап кон дегенеративно ремоделирано ткиво треба да биде насочен кон оптимизација на механичкото оптоварување, подобрување на функционалниот капацитет и постепено зголемување на толеранцијата на ткивото. Особено значење има дозираното механичко оптоварување.
Во зависност од состојбата, терапевтскиот пристап може да вклучува: терапевтски вежб, прогресивен тренинг со отпор, подобрување на мускулната сила и издржливост, невромускулна контрола, подобрување на подвижноста, превенција или решавање на контрктури (намален обем на движење во зглобовите), орекција на функционалните оптоварувања, мануелна терапија како дел од поширок индивидуализиран пристап, едукација на пациентот за секојдневните активности -елиминирање на ризичните и грешните движења и статични позиции, постепено враќање кон спортска или професионална активност.
Целта не е само „отстранување“ на дегенеративната промена, туку подобрување на капацитетот на ткивото да поднесува оптоварување и оптимизирање на целокупната функција.
Во нашата ординација веќе ја користиме најновата технологија за третман на мускуло скелетни заболувања ЕМТТ-Електро магнетна трнасдукциска терапиа и Гуна фореза.
Во следните излагања очекувајте повеќе за Дискова болест.





