Press "Enter" to skip to content

Прв партнерски состанок на европскиот проект RE-MIND

Рим, 16 април 2026 година – Во Рим, Италија, официјално започна реализацијата на европскиот проект RE-MIND – „Модел за градење капацитети за дигитална благосостојба и меѓугенерациско вклучување на публиката во музеите“, поддржан од Европската Унија во рамките на програмата „Креативна Европа“.
На почетниот проектен состанок учествуваа претставници на НУ „Завод и музеј“ – Битола, заедно со претставници на другите партнерски организации.

На средбата беа разгледани целите на проектот, планираните активности, очекуваните резултати, улогите на партнерите и првичните чекори за спроведување на проектните активности.

RE-MIND има за цел да развие иновативен модел на „Свесен музеј“ (Mindful Museum), кој ги обединува практиките на свесна присутност, смирената технологија и меѓугенерациското заедничко создавање културни искуства. Преку овој пристап се настојува да се унапреди дигиталната благосостојба и да се создадат позначајни и поинклузивни музејски искуства за посетителите од различни возрасни групи.

Учеството на НУ „Завод и музеј“ – Битола во проектот отвора можности за меѓународна соработка, размена на знаења и искуства и примена на современи пристапи во музејската едукација и комуникацијата со публиката во дигиталната ера.

Следете го проектот на неговата веб-страница, на Facebook, Instagram и LinkedIn.

More from КултураMore posts in Култура »