Press "Enter" to skip to content

Фото вест: се уредува дрворедот на “Васко Карангелевски“

Веднаш по затоплувањето на времето, екипите на јавното претријатие “Комуналец“ од Битола, ги продолжија работите на уредување на дрворедите низ градот и кастрење на гранки од дрвјата од парковите.

Денес екипите на “Комуналец“ работеа на кастрење на гранки на дрворедот на улицата “Васко Карангелевски“ во Нова Битола, наспроти новиот пазар.Оваа акција на “Комуналец“ се одвива постојано, но повеќе на уредување на дрвјата се работи по тешкиот и воден снег кон падна минатата година во октомври, кога дрвјата имаа лисја и од тежината на снегот се искршија многу гранки, а паднаа и неколку дрвја.

Пред за заврнат големите снегови и температурите да се спуштат под нулата, екипите на “Комуналец“ уредија дел од дрворедот на улицата “Иван Милутиновиќ“ кај стоковната куќа “Јавор.