Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчани во сообраќајка кај Крушје, приведување за возење без возачка, нападната малолетничка

На 09.10.2026 во 15:40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистрален пат  Ресен-Охрид кај м.в Рибник с. Крушје  случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “рено“ со битолски регистарски ознаки управуван од  А.С. (69) од Битола  и сопатничкa  Л.С.(68) од Битола  и патничко возило “бмв“ со битолски регистарски ознаки управуван од В.М.(51) од Битола и сопатник П.А. (55) од Битола и  патничко возило „пасат” со битолски регистарски ознаки управуван од  Б.М. (57) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани од доктор од Клиничка болница Битола се здобила сопатничката Л.С. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 09.10.2026 во 21:15 часот на пат Битола-Новаци-Маково во с.Новаци ,полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Т. (43) од  Битола. При контрола во сообраќајот , полициските службеници сопреле возило „форд“ со битолски регистарски ознаки управуван од  Т.Т., при што констатирано било дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2026 во 12:00 часот во СВР Битола, А.Б. (38) од Битола пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
More from ВестиMore posts in Вести »