Press "Enter" to skip to content

Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)

Со гала вечера и доделување на наградите на најдобрите кувари на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ што се одржа вечерва во ресторанот “Корзо“ во Битола заврши напреварувачкиот дел и вториот ден на оваа манифестација која за прв пат се одржува во Битола.На пладне, на плоштадот “Магнолија“ во Битола чкембе чорба, мезалоци од чкембе и специјалитети од чкембе приготвуваа десет екипи од Македонија, Србија и Турција.Нив ги оценуваше жири комисија од емиментни познавачи на готвењето и на овој вид јадење и ги додели наградите на најдобрите.За најдобра чкембе чорба, односно прво место доби чорбата подготвена од дел од тимот на мото клубот Конзули од Битола, во состав Сузана Јовановска, Даниела Талевска и Виолета Арминовска.Второ место за чкембе чорба доби тимот на хотел “Молика“ – Тодорче Митев и Јован Талевски. Третопларан беше тимот на “Џони мезалок“ од Куманово – Ѕвонко Јоцевски и Хермина Манева.Во категорија мезалоци од чкембе победник беше прогласен првиот тим на ресторан “Корзо“ – Дијана Петанчевска и Лаура Сефедин, второпласиран беше тимот на “Џони мезалок“ од Куманово – Ѕвонко Јоцевски и Хермина Манева, а на трето место беше пласиран вториот тим на “Корзо“ – Татјана Тасевска и Златко Ацевски.Во категорија специјалитети од чкембе победи специјалитетот на латко Ацевски и Татјана Тасевска. Второ пласирани во специјалитети од чкембе беа Дијана Петанчевска и Лаура Сефедин од “Корзо“ Битола, а третопласиран беше Исмаил Кавасоглу од градот Измир – Турција.По сите сорбани пласмани и доделени бодови екипната награда Гран при му припадна на тимот на ресторан “Корзо“ од Битола.Организаторите на “Чкембе фест Битола 2026“ додели плакети и благодарници на поедицни и организации кои помогнаа во организацијата и помагателите на овој орв настан од ваков вид во Битола.Утре е последниот ден од “Чкембе фест Битола 2026“, а организаторите предвидоа неформално дружење и разгледување на културно историските споменици во Битола за гостите кои деновиве престојуваа во Битола.

С. Ристевски

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за фотогалерија:

https://www.facebook.com/photo?fbid=1739654851206667&set=pcb.1739656454539840&locale=mk_MK

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »