На 11.10.2026 во 00:03 часот на ул. „Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Т. (36) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „пежо” со битолски регистарски ознаки управуван од П.Т., при што констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени биле 1,93 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2026 во 19:30 часот во Градски Парк во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија сос слобода С.Б. (31) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






