Press "Enter" to skip to content

Десет дена на возвишена уметност на годинашниот “Интерфест“ во Битола

Првата вечер на годинашниот фестивал на сериозна музика “Интерфест“ во Битола започна со чудесната балетска претстава „Шехерезада“ со безвремената  музика на Римски-Корсаков започна музичкиот вознес. Националниот балет на Македонската опера го отвори трезорот на уметноста која продолжи со суптилната италијанска музика на легендарниот пијанист Бруно Канино.Уште еден волшебник на својот инструмент, Кирил Рибарски, придружуван од “Макбрас“ ансамблот, ја воодушеви битолската публика и ја разнежи до солзи. Италијанското Дуо Бертолини кларинети се вклопија во тоа највисоко музичко рамниште.

Концертот на талентираните ученици на Државното музичко училиште Битола, покажа висока професионалност на наставниот кадар на училиштето.Салата „Благој Стефановски“ беше исполнета до крај за претставата на Битолскиот театар „Чорбаџи Теодос“. Васил Иљоски, македонскиот бард, по кој знае колку пати ја воодушевува битолската публика.

Виолината и виолата на Љубиша Кировски Ја исполнија со убавина салата на Офицерскиот Дом. Прекрасната акустика и мајсторството на уметниците на Дуото Маја и Љубиша Кировски донесоа уште една прекрасна вечер.Уште едно Дуо од Италија „Мел Бонис“ претстави помалку познати автори – композиторки, со нивните „женски визии“. Извонредниот рецитал на француска музика од  Дебиси и Равел претставува уште еден врв на овогодишниот фестивал. Тоа беше виртуозот од Париз, Иг Леклер.За крај на “Интефест“ во Офицерскиот дом Националниот камерен оркестар-Битола под диригентството на Владимир Димовски ќе го изведе генијалното дело на Моцарт, Симфонијата во ге-мол бр. 40. Највисокото духовно богатство го облагороди крајот на овогодишното фестивалско издание. Концертот заврши со импресивното дело „Четири годишни времиња“ од Астор Пиацола. Солист на концертот беше извонредниот виолинист Емир Имеров кој доаѓа од Германија.

More from ВестиMore posts in Вести »