Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетничка навредувана и натепана од врснички, физички напади, опожарен камион, принајдена стара граната

На 13.10.2026 во 10:40 часот во СВР Битола, Н.Д. (42) од Битола пријавила дека во Градскиот парк во Битола, нејзината малолетна ќерка била навредувана од повеќе малолетници, при што од страна на две нејзини врснички била физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 13.10.2026 во 20:00 часот во СВР Битола, Е.И.(72) од Битола пријавила дека  на ул.„Тошо Даскалот” во Битола била физички нападната од А.Н. (32) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 13.10.2026 во 20:15 часот во СВР Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ѓ.В. (41) од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 36- годишна вонбрачна сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.10.2026 во 00:05 часот во СВР Битола пријавено е дека на патот Битола-Демир Хисар, кај с.Лисолај,  настанал пожар во паркирано товарно возило марка „мерцедес” со крушевски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Крушево. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 13.10.2026 во 11:30 часот во СВР Битола e пријавено дека во с.Скочивир, битолско, била пронајдена граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за  артилериска граната од Првата светска војна.