Камерното трио „Интерарт“ од Битола ќе биде дел од програмата на престижниот фестивал „Златна лира“, во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ).
Концертот ќе се одржи на 15 октомври, во Музејот на македонската борба. Публиката ќе има можност да проследи музичка програма со дела од Гери Шокер, Марко Виденовиќ, Андреј Рубцов и Жан-Мишел Дамаз, композитори чии творби нудат богатство од стилови, музички идеи и различни интерпретативни предизвици.
Со овој настап, „Интерарт“ уште еднаш ја потврдува својата посветеност на камерното музицирање и активниот придонес во развојот и афирмацијата на македонската концертна уметност.






