Press "Enter" to skip to content

Во Битола се одржа манифестацијата посветена на руралната жена

Денес во Битола во компанијата “Синпекс“ се одржа манифестацијата посветена на руралната жена, нејзината сила, знаење, традиција и визија за иднината на Пелагонија.

На настанот кој го организираше здружението „Современо земјоделство“ преку панел дискусии беа отворени темите „ Можности и предизвици на дигиталното земјоделство„ и „Жената-двигател на современото земјоделство и руралниот развој“.Во својот поздравен говор градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека руралната жена со својата активност и ангажман во земјоделието има значаен придонес во земјоделството, локалната економија и развојот на руралните средини.

На манифестацијата беа доделени признанија на жени кои придонесуваат кон развојот на агросекторот.