Press "Enter" to skip to content

Јован Дојчиновски – сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: подготвени влегуваме во оваа грејна сезона со потребните количини пелети

Најголем увозник на пелети за греење во Битола е компанијата “АБЦ Дојчиновски“, а на стартот на годинашната сезона разговараме со сопственикот Јован Дојчиновски, за тековното снадбување со пелети, за идните очекувања и секако за она што најповеќе ги интересира потрошувачите, за цените на пелетите за оваа сезона.

За снабденоста и цените на пелетите со кои ќе се греат голем број на битолчани Јован Дојчиновски, кој важи за еден од најголемите познавачи на оваа состојбите кај со пелети на овие простори, вели:

-Декември и јануари месец во западна Европа имаше многу голема зима, посебно во Германија, Австрија, Швајцарија и се повлекоа многу големи количини пелети од сите фабрики во околината, од Словенија, Хрватска, Босна кои се потенцијални снабдувачи во Македонија. Се почувствува недостаток на пелет и тоа повлече зголемување на цените, односно поскашување. Со доаѓањето на пролетта фабриките ги доиспорачаа количините кои ги имаа договорено кога немаше пелет. Добавувачите ми кажаа дека ќе биде тешка оваа година од причини што ќе испорачуваат пелет до март, па во април ќе има редовен сервис на постројките, а дури потоа ќе произведуваат од мај. Пријателите со кои соработум јасни кажаа дека август многу брзо ќе дојди и во оваа грејна сезона ќе влезиме со многу мали количини на залиха. Тое се случи, а трговците во Македонија не го знаеја и чекаа да се намали цената, да дојде некоја пролетна цена, поефтина, но до тоа не дојде, а напротив почнаа е цените брзо да се зголемуваат.

-Ние знаејќи ја оваа состојба со подготвивме многу добро, а со нашите четири добавувачи договоривме количини од околу 8.000 тони и почнавме да го полниме магацинот. Тоа се количини нешто повеќе од стандардните количини за една грејна сезона. Потоа се беше доцна, а плус на тоа се затворија и некои фабрики кои беа главни добавувачи на пелети во Македонина. Пример Србија, со проблемите со нивната нафтена индустрија нема никаков извоз, а Црна Гора извезува во Гермманија секако по повисоки цени. Останува во Македоника да приведува фабриката “Еколајв“ и неколку мали погони со мали кочини и ние како увозно зависна да остане без пелети. Тоа придонесе и цената полека да расти, а за жал и кризата со нафтата продонесе за поголеми цени уште во производство, а секако и за транспорт кој е значително поскап, што дополнително ја зголеми цената, вели Дојчиновски.

Мора да се каже и тоа дека на пазарот во Европа се јави нов потрошувач, покрај Италија, Германија, Австрија, а тоа е Полска, голема држава, која до скоро се снабуваше со пелети од Русија и Укранина и го замени јагленот како основно средство за греење со пелети. Овие се причините за поскапување на пелетите. За жал кај нас граѓаните почнуваат да размислуваат за греење на други алтернативни греења, пред се на клими. Но, Битола има таква клима што греење со клими не е баш најдобро. Во овој меѓу период сега можно е, но кога ќе залади не, па затоа ќе има голема побривачка на пелети.

Што се однесува до “АБЦ Дојчиновски“ за подготвеноста за оваа грејна сезона сопственикот вели:

-Ние сме подготвени за оваа грејна сезона, имаме количини, но за жал овој период кој е сега не можеме да ја усогласиме доставата. Сите сакаат веднаш, но ние имаме постојан терк на носење на пелетите и тоа за брзо ќе го решиме, бидејќи имаме наш терк на достава. Посебно и поради тоа што ние снадбуваме покрај домаќинства и институции, школи, факултети, спортската сала… 

АБЦ Дојчиновски останува на традиционалните добавувачи на пелети за што Дојчиновски вели:

-Само нашата долгогодишна соработка со добавувачите ни беше гаранција дека ќе имаме пелети за оваа грејна сезона. Оние со кои соработуваме изминатите десет години одлични не следат во работата, имаме одлична меѓусебна доверба и уверување дека ќе го испочитуваме она што е договорено.

-Битолчани започнаа да купуваат и да снабдуваат уште од април и мај. Вистиски домаќин купува огрев во тој период. Продававме на рати, преку синдикати и сите се снабдени, додава Дојчиновски. 

За снабдувањето со пелети и движењето на цените во иднина Дојчиновски вели:

-Мислам дека снабдувањето за идната сезона ќе се стабилизира, а цените ќе се намалат, бидејќи имаме такви циклични периоди, а еден таков лош период, мислам дека завршува. Но, морам да кажам и тоа што мене ме загрижува, а тоа е препораката на Европската комисија, која на членките на Европската унија и кажа да се штеди енергија. Тоа значи само едно, енергија ќе има се помалку и нема да биде евтина.

“АБЦ Дојчиновски“ продава и камини, но за жал интересот е послаб истакнуваат од компанијата.

Сашо Ристески