На 15.10.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Х. (45) од Битола бидејќи во семејниот дом физички го нападнал неговиот 74-годишен татко. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2026 во 08:30 часот во СВР Битола е пријавено дека при копање кај новите гробишта во Битола била пронајдена стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирла дека се работи за артилериска граната со калибар 75 мм од Првата светска војна.






