Денес, во рамки на едукативно-забавниот хепенинг во Зоолошката градина Битола, беа доделени куќарки за птици наменети за основните училишта од Битола.
Преку оваа активност, учениците имаат можност да научат повеќе за значењето на птиците во природата, потребата од нивна заштита и важноста на грижата за животната средина.
Настанот кој е организиран во соработка со Државното музичко училиште и основните училишта од Битола, понуди содржини што ги обединија едукацијата, креативноста, музиката и дружењето.
Со ваквите иницијативи, Зоолошката градина Битола продолжува да ја поттикнува еколошката свест кај најмладите, учејќи ги дека грижата за природата започнува со мали, но значајни дела.
Во периодот што следува, предвидена е реконструкција на три нови живеалишта, со што ќе се продолжи процесот на подобрување и осовременување на просторот во Зоолошката градина.

Едукативен-забавен хепенинг во Зоолошката градина Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Србинот Кочовиќ ново засилување на КК Пелистер
- Инженерство, иновации и извонредност: 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: син нападнал татко, пронајдена стара граната
- Јован Дојчиновски – сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: подготвени влегуваме во оваа грејна сезона со потребните количини пелети
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 16 степени





