На 05.02.2019 година во СВР Битола било пријавено дека околу 09.30 чаот на улица „Новосадска“ во Битола, при изведување на лимарски работи на кров од куќа, К.Џ. (33) од Битола, вработен во лимарска работилница, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.
Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






