Кик бокс клубот Самурај од Битола од 16 до 18.10.2026, учествуваше со тројца натпреварувачи на престижниот турнир во Србија, “Трофеј на Белград“, каде освои три медали, и тоа два златни и еден бронзен.
Леа Бошевска во сениорска конкуренција во дисциплината кик лајт -50 кг. Во финалната борба, буквално ја прегази противничката од Србија, при што борбата заврши со прекин и се закити со златен медал.
Сара Стојаноска во дисциплината лоу кик помлади јуниори – 56 кг. во полуфиналната борба победи со 3:0, за веднаш потоа во финале, ја совлада противничката со прекин во прва рунда, и освои златен медал.
Најпрво Леона Алиловска во категорија кик лајт јуниори – 50 кг. дебитираше, прикажувајќи надмоќ врз противничката од Србија, но со судиска наклонетост кон домашната натпреварувачка, ја загуби борбата за влез во финале, при што се закити со бронзен медал.
Тренерите на Самурај, Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска, задоволни од настапите на борците, ни изјавија дека продолжуваат понатаму со уште посилно темпо, а важно е да се напомене дека, Леа Бошевска е дел од Македонската Кик бокс репрезентација за Европското првенство, што ќе се одржи во Скопје. Ова првенство само уште еднаш ја потврди врвната форма и подготвеност на Леа токму пред Европското првенство.

Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Еурофарм Пелистер до лесни бодовите во Прилеп
- Пелистер со хет-трик на Ивановски до победа на Осогово и до три бода (фотогалерија)
- Томе Кирјази од АК Олимп го истрча Чикашкиот маратон









