Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 5 февруари, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 365 возачи и возила.
При контролата, констатирано е дека 31 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, шест возачи управувале без возачка дозвола, кај тројца возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај исто така едно возило било технички неисправно и истото е испратено на технички преглед.
За неправилно паркирање издадени се девет мандатни налози, а писмено опоменати се 14 возачи.
На 44 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 19 прекршочни налози.
Исто така при контролата откриени се и други 12 видови останати прекршоци.






