Деновиве во Скопје, во конгресниот центар во хотел “Квинс“ се одржа првиот стручен симпозиум на македонското здружение на специјалисти по спортска медицина и на турското здружение. Главна тема беше препишувањето на вежбањето кај пациенти со диабетес, хипертензија и анксио-депресивен синдром.
Првиот ден одржаа предавање професори од универзитетската клиника за ендокринологија од Скопје, медицинскиот факултет во Бурса, институтот за имунологија од Скопје и институто за социо-политички истражувања од Скопје. Исто така предавања одржаа и проф. Зоран Ханџиски – претседател на македонското здружение како и од психијатриската клиника од Скопје и од медицинскиот факултет од Измир.
Вториот ден се одржаа предавања од универзитетската клиника за кардиологија од Скопје, претседателот на турското здружение проф д-р Метин Ергун и од факултетот за физичка култура од Тетово. Исто така се одржаа и неколку работилници за значењето на вежбањето кај пациентите со овие болести и како можи да помогни во унапредување на нивното здравје.
Учество во симпозиумот зеде и спортска медицина од Битола со д-р Христо Бојаџиев -потпретседател на македонското здружение на специјалисти по спортска медицина и раководител на службата за спортска медицина Битола и д-р Викторија Вуковиќ – Велјановска.
Д-р Бојаџиев беше водител но и активен учесник во симпозиумот презентирајќи ја состојбата со физичката и спортската активност во Битола. Која е еден од најспортските градови во Македонија, ако не и најспортски. Беше дискутирано и консултирано како можи да се унапреди спортската медицина и во другите градови, а не само во универзитетските центри.
-Препишувањето на рецепт за вежбање секојдневно и рутински кај пациентите со диабетес, хипертензија и анксио-депресивен синдром, но и кај сите други пациенти посебно кардиолошките, ќе биде огромна придобивка во подобрување на квалитетот на живот. Пристапот треба да биде мултидисциплинарен, односно кардиолози, психијатри, имунолози и специјалисти по спортска, треба да учествуваат и решаваат за здравјето на овие пациенти. Спортска медицина треба да го одреди видот, степенот,интензитетот и траењето на физичката активност. Таа има водечка улога во светот и треба да ја добие и кај нас. Зошто не можи да го развиваме спортот без подршка од современата наука и нови сознанија претставени преку спортска медицина, вели д-р Христо Бојаџиев.






