Press "Enter" to skip to content

Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања

Соња Михајлова актерка и доајенка на Народен театар Битола е добитничка на највисокото општинско признание „4 Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот, а тоа го одличи Управниот одбор за доделување на наградата составен од советници на Советот на Општина Битола, чиј претседател е Бојан Бојковски претседател на Советот.

Во образложение на одлуката за наградата за животно дело на Соња Михајлова стои заради големото достигнување од областа на културата и драмската уметност, работи со прецизна техника суптилен, емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. Во нејзината 42 годишна кариера во континуитет одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современ драмски репертоар на битолската сцена повеќе од 30 години. Михајлова дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на Љубиша Ѓоргиевски. Од 1984 е дел од ансамблот на Народниот театар во Битола, каде што работеше до пензионирањето во 2022.

Наградите за едногодишни остварувања ги добија:

-Проф. д-р ГОРАН ИЛИЌ – редовен професор на Правен факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола, проректор за наука на Универзитетот и главен и одговорен уредник на начното списание Journal od Liberty and International Affairs, предлагач Ротари Клуб ,,Битола” – Битола.

-Д-р МАРГАРИТА КАМБОВСКА – доктор по медицина, специјалист по педијатрија и субспецијалист по неонатологија во болница “Плодност“ Битола, предлагач болница болница “Плодност“.

-КИРЕ МАРКОВ, аматерски учител по пливање и скијање, група на граѓани.

More from ВестиMore posts in Вести »