Press "Enter" to skip to content

Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола

Деновиве на Тумбекафе, над Битола, во старата касарна при подготовка за градба на станбени единици се откриени 1.700 рачни бомби но и тромблонски мини од Првата светска војна. Денес на местото и да види како се одвива ископувањето дојде и директорот на Дирекцијата за спасување и заштита Стојанче Ангелов, кој рече:

-Отстрануваме голема опасност до куќите коишто се наоѓат веднаш под Тумбе Кафе во Битола, на неколку метри воздушна линија од куќите. Деновиве извадивме повеќе од 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна. Огромна количина којашто се наоѓа во овие сандаци зад мене. Очекуваме да најдеме уште повеќе од вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства.Тој упати голема благодарност до пиротехничарот во Дирекцијата за заштита и спасување, пиротехничарот од Битола, Ѓорги Стефанов, којшто е носител на оваа акција.

-Голема благодарност и до пензионираните припадници од МВР — поранешни припадници на специјалната единица „Тигри“ и еден пензиониран припадник од Отсекот за антитероризам на МВР, коишто се ангажирани со договор на дело во МВР и дадоа голем допринос во откупувањето и безбедното отстранување на овие бомби од Првата светска војна,  рече Ангелов.

Фото: ДСЗ

More from ВестиMore posts in Вести »