Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија, 21. по ред, е традиционален културен настан кој веќе две децении ја потврдува посветеноста на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола кон афирмацијата на локалното литературно творештво и зачувувањето на пишаниот збор.
Настанот го отвори директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која рече:
-Долгогодишната соработка на Библиотеката со роднокрајните писатели е од особено значење на ваквите средби за културниот живот на градот и моќта на литературата да ги зачува спомените, времето и духовното наследство на Битола. И оваа роднокрајна средба уште еднаш потврди дека Битола има богата литературна традиција, живо творештво и автори кои со своите дела го чуваат идентитетот, културата и духот на родниот град.
Во рамките на средбата беше промовиран и Зборникот од 21. Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија. Уредникот на Зборникот и координатор на средбата, м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, истакна дека годинашната тема „Тајните од битолските сокаци“ поттикнала голем интерес кај битолските писатели, а творбите на 25 автори се застапени во ова издание. Преку своите литературни записи, авторите ги оживуваат приказните, сеќавањата, луѓето и скриените убавини на старите битолски сокаци, оставајќи трајно сведоштво за духот на градот.
Пред присутните своите дела ги претставија роднокрајните автори: Петре Димовски, Весна Мундишевска Велјановска, Милица Димитријевска Радевска, Мирјана Стојановска, Светлана Папачек, Илче Стојановски, Лили Бошевска, Игор Трајковски – Фоја, Јована Матевска Атанасова, Никола В. Ристевски, Маја Богоевска, Марија Трифуновска Тасеска, Дана Тембелевска, Митра Дупчинова и Аница Златевска. Творбата на Добре Тодоровски ја претстави м-р Фатма Бајрам Аземовска.
Покрај авторите кои присуствуваа на средбата, во Зборникот се застапени и творбите на роднокрајните писатели: проф. д-р Зоран Пејковски, Михајло Свидерски, Христо Петрески, Ели Маказлиева, Сања Мучкајева Видановска, Божин М. Андоновски, Белинда Сипковска Гаштарова, Гордана Такец и Гордана Гравчева-Ивановска.
Посебен уметнички печат на настанот му дадоа виолинистките од НУ Камерен оркестар – Битола, Наталија Николовска и Милена Марковска, кои со своите изведби на композициите „Canon in D“ од Ј. Пахелбел и „Ave Maria“ од Ф. Шуберт придонесоа за свечената атмосфера.

Во Битола се одржа роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир
- Денес 17. седница на Советот на Општина Битола, на дневер ред 38 точки
- Во Битола променливо облачно, температурата до 14 степени
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
More from КултураMore posts in Култура »
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“










