На 29.10.2026 во 14:30 часот во СВР Битола е пријавено дека во куќа на ул. „Довлеџик” во Битола бил пронајден починат 46 годишник од Битола со иницијали З.С.. лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 29.10.2026 во 17:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Будаково, општина Могила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.В.(45) од с.Трап и Е.Р. (50) од с.Будаково. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






