МЗТ Скопје – Пелистер 74:60
Кошаркарите на Пелистер во натпреварот од петтото коло, се поразени од МЗТ Скопје со 74:60.
„Металците“ уште во првата четвртина најавија дека бодовите ќе останат во СЦ „Јане Сандански“. За нешто повеќе од седум минути игра направија предност од 20:9, а првиот период го завршија со водство од 22:13.
Пелистер одигра подобро во втората четвртина и успеа да се врати во натпреварот. По тројката на Вилсон, битолчани стигнаа до израмнување (29:29), но завршницата на полувремето повторно им припадна на домаќините. МЗТ Скопје одговори со серија од 13:2 и на одморот замина со двоцифрена предност (42:31).
Во второто полувреме шампионот ја контролираше играта и резултатот. По поентирањето на Војдан Стојановски, домашниот состав стигна до највисоките 46:33. Пелистер се обиде да се врати, па пред крајот на третата четвртина ја намали негативата на 45:52, но Андоновски повторно донесе посигурно водство за МЗТ (54:45).
Следуваше нова серија на домаќините од пет поени, со која предноста се искачи на 59:45. Иако до крајот имаше уште осум минути, „зелено-белите“ не успеаја сериозно да ја загрозат предноста на актуелниот шампион. Пелистер уште еднаш ја намали разликата на едноцифрена, но МЗТ Скопје ја задржа контролата и рутински го приведе натпреварот до крај за конечни 74:60.
Кај Пелистер најфикасен беше Димитриев постигна 12 поени, додека Денинг, Кочовиќ и Златевски натпреварот го завршија со по 10 поени.









