-Со низа свечености и манифестации, Битола во 2016 ја одбележа 72-годишнината од ослободувањето на градот, а наградата за животно дело ја доби пијаниската и уметнички директор на Интернационалниот фестивал за класична музика “Интерфест“, Милица
Шперовиќ-Рибарски, започна со своите сеќања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Завршната манифестација по повод прославата на 4 Ноември се одржа во салата на Народниот театар во Би тола, каде, во присуство на голем број гости, претставници на збратимените градови беа врачени четвртоно ноевриските награди за 2016 година.
Наградите за едногодишни постигнувања ги добија ЗК “Пелагонија“, кој во 2016 година ја реализира својата најголема инвестиција од над 20 милиони евра.
Здружението на пензионери и Интерното одделение на Клиничката болница, кои во 2016 прославија 70 години од своето постоење.
Наградите ги додели тогашниот градоначаник на Битола Владимир Талески.
Талески во своето обраќање се задржа на реализираните проекти меѓу двата родендени на Битола, притоа набројувајќи ги и признанијата што Општината Битола ги доби во периодот од една година.
По свеченото обраќање наградоначалникот на Битола, Владимир Талески, претседателката на Советот, Силвана Ангелевска ја прочита одлуката на Управниот одбор за доделување на четвртоноември ските признанија.
Во рамките на свеченостите се одржа музичко-сценски перформанс “Битолска арија“ во кој настапија познатата оперска двојка Ана иИгор Дурловски, како и артистот Никола Пројчевски.
По повод Ослободувањето на Битола секоја година се доделуваат награди, а годинашната награда за животно дело за 2026 година ја добива актерката Соња Михајлова.

Деновиве пред 10 години: Милица Шперовиќ – Рибарски, добитник на наградата за животно дело на Битола за 2016 година (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пораз на Пелистер од Битола од МЗТ на гостувањето во Скопје
- Народната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачитеНародната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачите

- Двете суперлигашки екипи од Битола играа дерби во Скопје, ракометарите кај Вардар, кошаркарите кај МЗТ
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 11 степени
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)









