Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 47:26 (23:16)
Младинците на Еурофарм Пелистер 2 во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола одиграа одличен натпревар и забележаа убедлива победа против екипата на ГРК Охрид во 9. коло од Младинската лига.
Младите надежи на битолскиот ракомет со одлична тимска игра, брзи контранапади и ефикасен напад, нашите момци уште еднаш го покажаа својот квалитет и заслужено стигнаа до нови бодови.
Сите ракометари прикажаа одлична игра, борбеноста и тимскиот дух, а тренерите Фарук Мемик и Васко Димитровски одлично го водеа тимот до нова п0беда и нови бодови.
Еурофарм Пелистер 2 настапи со следиот состав: Фехми Мелин, Бундалевски Константин 1, Кочанов Лука 2, Вељановски Павел, Спировски Тео 6, Лазаревски Стефан 8, Горазд Мијајлев 1, Илиевски Антонио, Мацанковски Иван, Бочевски Бојан, Колтовски Давид 1, Дамчевски Андреј 8, Георгиев Андреј 7, Василевски Стефан 7, Симоновски Јован 6, Петровски Огнен.
Фото: Дамијана Ристевска
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1763825142122971&set=pcb.1763825648789587








