Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен во првото вечно дерби во Скопје

Вардар – Еурофарм Пелистер 31:23 (15:12)

Еурофарм Пелистер од Битола е поразен од Вардар на гостувањето в0 Скопје во 9. коло од машката супер ракометна лига, во вечното дерби на македонскиот ракомет резултатто беше 31:23, полувреме 15:12.

Натпреварот започна изедначено, Валах одбрани три зицери, а Вардарци до 10 минута имаа „плус три“. Но кога почна да погодува нападот на „зелено-белите“ се врати и неизвесноста на натпреварот.  Во средината на првиот дел  македонскиот првак влезе во серија грешки во нападот, а потоа Вардар се врати на сигурна предност.  Од средината на првото полувреме, нападите на двете екипи беа ефикасни. Во аамиот финиш Гогов одбрани удар од пенал линијата, а во последниот домашен напад погодија “вардарци“ за 15:12.

Второто полувреме битолчани продолжија со играта 7 на 6 и продлабочување на разликата, а Вардар во 41 минута имаше +6 (22:16). Потоа разликата бргу порасна за уште два голови +8  (26:18). Потоа беше познат победникот на овој дуел, а на крај по шеесет одиграни минути останаа запишани 31:23.

Еурофарм Пелистер: Филип Кузмановски 9, Жарко Пешевски 4, Саду Нтанзи 3, Андреј Видомски 3, Самоил Ристевски 1, Петар Атанасијевиќ 1, Рудолф Хакбарт 1.

More from ВестиMore posts in Вести »