Press "Enter" to skip to content

“Двојката“ влезе во завршница со +4, загуби со еден гол разлика во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Струга 24:25 (12:11)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 вечерва во Битола во одличен и неизвесен натпревар се поразени со едн гол разлика од Струга во натпревар во кој во завршницаа влегоа со +4 гола, а по два нереализирани пенали и три зицери се поразени со гол разлика.Натпреварот започа со водство на гостите со 0:2, а потоа Пелистер во 6 минута поведе со 3:2. Пелистер имаќе водство од гол-два до средината на првото полувреме кога стружани израмнија на 7:7, а потоа и поведоа со 7:8, со 20. минута има +2 (9:11). Пелистер со одличен финиш во првото полувреме прво израмни и на одмор замина со 12:11.Во почетокот на второто полувреме Струга дојде до реми 12:12, а потоа двете екипи се сменуваа во водството до 40 минута. Во 43. минута Пелистер имаше водство 20:17, а во 48. минута 22:18. По неколки нереалирани напади на Пелистер во 56. минута Струга дојде до нерешено 23:23, а потоа и до водство од 23:24.Пелистер наместо да влезе во мирен финиш мораше да брка израмнување, а до тоа дојде на минута и пол 24:24. Повторно “пелистерци“ немаа концентрација и Струга на 45 секунди до крајот дојде до 24:25. Пелистер не успеа во последната минута да дојде до бод, а последниот напад го одбрани голманот на Струга – Ивановски.

Дамијана Ристевска

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1764018728770279&set=pcb.1764019712103514

More from ВестиMore posts in Вести »