Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 18 годишна битолчанка нападната со остар предмет, приведување за марихуана, нарушување на ред и мир, закана со остар предмет

На 05.11.2026 во 03:30 часот во СВР Битола 18 годишна девојка од Битола пријави дека на ул. „Прилепска” во Битола, била физички нападната од лице кое го познавала, при што со остар предмет и упатил закани. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.11.2026 во 19:45 часот, на ул. „Охридска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 34 годишно лице од Битола, затоа што при преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На  04.11.2026 во 15:00 часот, на ул. „11 Октомври”во Битола, полициски службеници од СВР Битола приведоа 35 годишник од Битола, затоа што го нарушил јавниот ред и мир. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 04.11.2026 во 13:40 часот во СВР Битола, 65 годишник од Битола пријави дека во угостителски објект на ул. „Широк Сокак” во Битола, негова сопственост, 53 годишник од Битола, со тврд предмет му упатил закани. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.