-Секој сон има свој хоризонт, а секој хоризонт крие нова приказна.
Соноќа во кафе “Тигре“ во Битола свечено беше отворена самостојната ликовна изложба на Дијана Колонџоска која минатата година беше добитничка на наградата што ДЛУБ – Битола ја доделува по повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
Како продолжение на ова признание, годинава следува нејзината самостојна изложба „Сонувани хоризонти“.

“Сонувани хоризонти“ претставува личен уметнички свет во кој бојата, формата и текстурата се испреплетуваат во слободен визуелен израз. Од апстрактни композиции и геометриски структури до фигуративни мотиви, делата откриваат различни емоционални состојби, внатрешни доживувања и замислени предели. Секоја слика е своевидно патување низ имагинацијата – сон преточен во боја и форма, отворен кон нови хоризонти.
Изложбата е организирана од ДЛУБ – Битола, со поддршка на Општина Битола, и е дел од програмата „Сите бои на сеќавањето“, реализирана по повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1770691704769648&set=pcb.1770692834769535











