Press "Enter" to skip to content

Симеон Силјановски добитник на Ноемвриската награда на ДЛУБ

Друштвото на ликовни уметници на Битола (ДЛУБ) свечено ја отвори традиционалната “Ноемвриска изложба“  во културниот центар “Магаза“ во Битола, која се одржува по повод Денот на олободувањето на градот.

-Изложбата претставува личен уметнички свет во кој бојата, формата и текстурата се испреплетуваат во слободен визуелен израз. Од апстрактни композиции и геометриски структури до фигуративни мотиви, делата откриваат различни емоционални состојби, внатрешни доживувања и замислени предели. Секоја слика е своевидно патување низ имагинацијата – сон преточен во боја и форма, отворен кон нови хоризонти. Секој сон има свој хоризонт, а секој хоризонт крие нова приказна, беше речено на отворањето на изложбата.

Годинашната награда на ДЛУБ ја доби ликовниот уметник од Битола, Симеон Силјановски, кој идната година ќе има своја изложба која ќе ја организира ДЛУБ.
More from КултураMore posts in Култура »