Деновиве најновата песна на Марија Цветановскаод Битола “Кога те љубев“ веќе достапна за слушање на сите платформи.
-Оваа песна ми лежи особено на срце. Преку интерпретацијата се обидов да пренесам една искрена емоција, која се надевам дека ќе допре до слушателите. Би ми било особено драго таа емоција да стигне до што повеќе луѓе и публиката да ја почувствува на свој начин, ќе рече Цветановска.
Марија Цветановска има 22 години, студент е на Факултетот за музичка уметност, а паралелно настапува со групата “Калабалак“. Оваа е трета авторска песна после “Засекогаш’’ изведена на “Охрид фест“ и “Авантура’’ на “Макфест“.
Песната „Кога те љубев“ е дело на еден наш битолчанец, Виктор Апостоловски, кој ги потпишува музиката, текстот и аранжманот, а е заслужен и за видео записот.










