На 09.11.2026 во 02:41 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Х.Ј. (30) од Битола.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,50 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот против Х.Ј. ќе следува соодветен поднесок.






