На 12.11.2026 во 18:04 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот од Битола кон границата со Република Грција се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено лагуна“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (64) од село Долно Егри, битолско и велосипед управуван од З.Н. (64) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата во Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.






