Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци потпиша меморандум за соработка со Здружението на Македонците по потекло од Албанија – ЗОШТО

Здружението на Македонците по потекло од Албанија – “ЗОШТО“ и Општина Новаци, предводена од градоначалникот Стевче Стевановски, склучија Меморандум за соработка со цел воспоставување и унапредување на меѓусебните партнерски односи.

-Со овој меморандум се отвораат нови можности за заеднички активности и проекти во областа на културата, образованието, младинската соработка, зачувувањето на македонскиот јазик, традицијата и културното наследство, како и промоцијата на туристичките и развојните потенцијали. Посебен акцент ќе биде ставен на поврзувањето на Македонците по потекло од Албанија со институциите и локалните заедници во Македонија, создавајќи нови можности за соработка, размена на искуства и заеднички иницијативи, рече градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

“ЗОШТО“ упати благодарност до градоначалникот Стевче Стевановски и Општина Новаци за покажаната подготвеност, отвореност и поддршка за воспоставување на ова партнерство.
-Веруваме дека оваа соработка ќе прерасне во конкретни проекти и активности од заеднички интерес, со трајни придобивки за граѓаните и македонската заедница. Заедно ги градиме мостовите на соработката, пријателството и заедничката иднина! “ЗОШТО“ – за зачувување на македонскиот идентитет, поврзување на луѓето и создавање нови можности!, рекоа од “ЗОШТО“.
More from ВестиMore posts in Вести »