“Ideal Kontakt“ центар за образование и деловни услуги од Битола продолжува да создава интересни содржини и настани за младите, отворајќи актуелни теми и простор во кој учениците можат слободно да размислуваат, да дискутираат и да бидат слушнати, а овој панел дискусија се одржа во “Пионерски дом“ во Битола.
Овојпат, преку панел-дискусијата „НИЕ ГО МОДЕЛИРАМЕ НАШЕТО ИДЕАЛНО УЧИЛИШТЕ“, заедно со учениците, родителите и нашите гостинки разговаравме за училиштето какво што го посакуваме.
На панел дискусијата зборуваа: Лидија Споа, магистер по клиничка и консултативна психологија и директорка на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, која ја отвори перспективата на социјалниот живот во училиштето, меѓусебните односи, чувството на припадност и важноста секој ученик да се чувствува прифатен и поддржан. Маја Златевска Салевска, магистер инженер архитект од MZ Design Studio, која ни покажа колку архитектурата и дизајнот на училишниот простор влијаат врз атмосферата, креативноста и секојдневното учење на децата.
Уште зборуваа и д-р Елена Велјанов, педијатар во педијатриската ординација “PEDIA MED“, која зборуваше за здравјето на учениците, стресот, правилното држење на телото во училишните клупи и важноста на здравата училишна средина. Снежана Петровски, референт за образование од Општина Битола и наша специјална гостинка, која ја истакна важноста детските идеи да добијат институционална поддршка и да станат дел од идните промени во образованието.
Преку тимска работа, цртање и презентации, учениците ги претставија своите визии за идеалното училиште.
Потоа следуваше отворена дискусија во која активно се вклучија и родителите. Разговараа за социјалниот живот, училишниот ентериер и дворовите, здравјето на децата, стресот од оценувањето и многу други прашања што го обликуваат нивното секојдневие. Заедничкиот заклучок беше дека сите идеи и пораки од оваа средба заслужуваат да стигнат до Општина Битола. Но, најважната порака на вечерта беше: ИДЕАЛНОТО УЧИЛИШТЕ ГО СОЗДАВААТ УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ!
Посебен впечаток остави завршната мисла на Снежана Петровска која нагласи:
-Како што архитектот се грижи за убавината на зградите и материјалите од кои се градат, така наставниците се грижат за учениците и за тоа како ќе ги изградат како личности.
“IDEAL KONTAKT“ ќе продолжи и во иднина да отвора важни теми, да поттикнува дијалог и да го поддржува гласот на младите. Затоа што иднината не се создава само за децата, туку и заедно со нив!
Фото: Дамијана Ристевска
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1780590477113104&set=pcb.1780591327113019






