Press "Enter" to skip to content

Синдикатот на ЕЛЕМ при ССЕРИК на средба со министерот за социјална политика за бенифицираниот стаж во РЕК “Битола“

Синдикална Организација на АД ЕЛЕМ при ССЕРИ денес одржа конструктивна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, г-нот Ѓоко Велковски.

На состанокот се разговараше за решавање на проблемот со пропуштените работни места кој поради техничка грешка, односно одлуките за бенифициран стаж пред 2011, не се внесени во наведениот правилник и работниците за целиот период од 2011 година до 2023 година немаат бенифициран стаж, односно истаиот не им се признава од ФОНДОТ за ПИО, иако од страна на Подружница РЕК “Битола“ им е плаќан како придонес во ФОНДОТ за ПИО.

Од страна на министерот е изкажано уверување, дека се што е во негова моќ и во најкус можен рок ќе иницира решавање на овoj проблем и овозможување на тие работници да се стекнат со правото за бенифициран стаж.

More from ВестиMore posts in Вести »