Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетничко насилство, опожарена дрвена бандера поради силен ветер

На 23.11.2026 во 16:30 часот во СВР Битола, 48-годишна битолчанка пријавила дека околу 11:40 часот, нејзиниот малолетен син, додека бил на училиште, по претходна расправија, бил физички нападнат од негов соученик. Истиот ден, во 18:45 часот во СВР  Битола,  45-годишен битолчанец пријавил дека, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 23.11.2026  во 18:00 часот во СВР Битола пријавено е дека на ул. „Лавчански Пат“ поради силниот ветар, настанал пожар на дрвена бандера за улично осветлување. Од Територијалната против пожарна единица Битола, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увидот го изврши увидната екипа на СВР Битола.