Press "Enter" to skip to content

Лино Черван по победата никој не издвојува, победи тимот вели тој

И денес Битола е под импресиите на победата на Еурофарм Пелистер над тимот на Полски Гдањск, на кој им е прв пораз во Лигата на Европа, а во храмот на ракометот  целосно беше надигран и  поразен со 34-27. Со оваа победа Пелистер сам ќе одлучува за продолжување на натреварувањето во Шпанија, во вторник.

Лино Червар по средбата во Битола изјави:

-Беше потежок момент за нас по поразот од Алкалоид, но знаевме дека само со тимски дух, тоа е грижа еден за друг, можеме подобро. Така беше сега, ги издржавме сите критики кои по мене беа неоправдани, но мора да се бориме и тоа го покажавме. Голема благодарност за публиката и нашата цела екипа. Нема да издвојувам поединци, тука победи тимот. Големиот тим Пелистер. Само еден тим, само еден град, тоа е нашиот начин. Публиката препозна дека наместо да нè дочека со свирежи, ни даде аплауз. Ја користам приликата да ги повикам да дојдат во сабота кога играме со ГРК Охрид, да ни дадат уште поголема поддршка. Секој еден човек во публиката, не прави поголеми фаворити.

Одбраната победи во овој меч, сите бевме одлични. Се движевме добро, бевме агресивни, а кога има таква агресивност во одбраната, доаѓа доминацијата. Ова беше прв пораз за Гдањск и тоа значи дека заслужено победивме. Бевме подобри. Сега одиме понатаму. Зависиме сами од себе во Европа, ќе се обидеме да си ја завршиме задачата. Секогаш мора да се оди на победа и мислам дека сме на добар пат. Создаваме еден Пелистер со посебен знак, ако вака се игра тоа е убаво да се види и тоа е иднина. Предизвиците ни следат, прво меч во Суперлигата, потоа патуваме за Шпанија, па мора да собереме сила, да ја охрабриме екипата за понатаму. Човекот е толку голем колку што е подготвен да се жртвува за својата цел.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »