Во деловните простории на КС Групација во Битола се одржа кариерно советување за матуранти, со цел да им се помогне на младите при изборот на понатамошното образование и професионалното насочување на ученици и професори од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито”, СОУ „Таки Даскало” и СОЕУ „Јане Сандански”.
За време на посетата, матурантите имаа можност да разговараат со вработените од секторите за финансии, информатичка технологија, маркетинг и човечки ресурси, да се запознаат со нивните професионални одговорности и да согледаат како различните професии и области се надополнуваат во една деловна средина.
КС Групација пред учениците ја претстави и својата програма за стипендирање на средношколци и студенти, како и можностите за практикантство и вработување, обезбедувајќи им информации значајни за планирањето на нивната професионална иднина. Кариерното советување е пример за соработка меѓу образовниот, граѓанскиот и бизнис-секторот во насока на поддршка на младите и нивниот професионален развој.

Битолски матуранти на кариерно советување во “КС Групација“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Хуманоста не познава граници: вредна донација на компјутери за ДУД „Мирка Гинова“ – Битола од “DMK LIMITED“ од Чикаго, САД
- Билетите за напреварот против Охрид се во продажба
- Дрвокрадци го оштетија собирниот канал, “Стрежево“ – Битола ја санира штетата
- Епопеја за Јане – Пиринскиот цар за вечност (5)
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 10 степени





