Во Ски центарот „Стрежево“ во Ниже Поле, вчера се одржа промотивно – едукативен и забавен настан „Нула за насилство“.
На настанот се презентираше новата страна www.nulanasilstvo.com на тимот „Нула“ со сите нејзини досегашни активности, беше поделен рекламен материјал (брошура) на кој беа наведени целите и идејата на проектот.
Исто така на присутните со секој топол напиток им беше поделен стикер со порака против насилството.
Забавниот дел го водеше групата „Шербет“ од Тетово, која се претстави со македонски евергрини. Исто така присутните имаа можност да споделуваат лични искуства, идеи и предлози со членовите од тимот.
А за најмалите беше поставено пано, на кое имаа можност да ја нацртаат со маркер својата рака и во неа да го напишат своето име. Идејата на ова пано е визуелно да се прикажи спречувањето на насилството и да се шири љубов, а не омраза помеѓу луѓето.
Тимот на “Нула“ упати голема благодарност до Јавното претпријатие „Стрежево“ за отстапување на нивниот простор и кооперативноста на вработените во објектот.

„Нула за насилство“ во ски-центарот “Стрежево“ во Ниже Поле (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес започна есента, ќе трае до 21 декември
- СВР Битола: повреден градежен работник
- Едукативен настан за дигитална безбедност
- “Lidl“ ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет (фото)
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан





