Битолчани и сите случајни минувачи на Широк Сокак кои се во Битола вечерва и утре ќе останат беа услугите на кафулината на Широк Сокак, а денес на излозите на кафулината се залепени транспаренти на кои пишува “протест“.
Угостителите од градот се одлучија на ваков потег и реакција после последните одлуки на Советот на Општина Битола со кои им се забранува заградување на делот пред објектот, што вообичаено го користат пушачите.
Протестот ќе трае денес попладне и утре, сабота, цел ден, а угостителите продолжуваат со работа недела наутро.






