Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две приведувања за марихуана, едно за агресивно однесување кон полицајци

На 27.11.2026 во 20:40 часот во с. Дихово, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.С.(37) и Л.Б.(33), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај И.С. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2026 во 17:00 часот на патот Градско-Прилеп, во близина на Ленишки мост, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.А. (39) и Ј.Т. (42), двајцата од Битола. При преглед на патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.А., а сопатник бил Ј.Т., била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2026 во 14:00 часот во Градски пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р. (34) од Битола затоа што агресивно се однесувал и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.