Во атарот на село Крклино, битолско, односно на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари, била пронајдена артилериска граната калибар 75 мм од Прва светска војна.
Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.