Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 1.303 возачи и возила.
При контролата, констатирано е дека 110 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 23 возачи управувале без возачка дозвола, кај 11 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај исто така 4 возила биле технички неисправни и истите се испратени на технички преглед.
Писмено опоменати се 26 возачи, а на 161 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 52 прекршочни налози.
Исто така при контролата откриен се и други 42 видови останати прекршоци.






