Пред десет години точно во ова време започнаа градежните работи околу изградбата на новиот споменичен комплекс “Филип Втори“ на плоштадот “Магнолија“.
Откако беше изграден комплексот, поставена големата кружна фонтана и уреден просторот околу фонтаната, долго време на постаментот го немаше споменикот на “Филип Втори“ кој беше поставен подоцна.
Сега споменичниот компекс на плоштадот “Магнолија“ е место по кое е препознатлива Битола и место каде голем број битолчани поминуваат дел од слободното време посебно во летните вечерни часови.






