Основно училиште “Даме Груев“ дел од најголемиот светски меѓународен проект “INNOVATE YOUR DREAMS 2019“ во кој се вклучени 100.000 ученици, 1.700 од преку 60 земји.
Целта на проектот е да им се помогне на учениците да разберат и да се припремат за занимања во иднината кои сеуште не постојат. Проектот промовира 3 од вкупно 17 цели на Одржлив развој од Обединети нации во Агендата до 2030, квалитетно образование за сите, достапна чиста вода, индустрија ,иновација и инфраструктура
Проектните активности ке траат 7 недели ,на крајот на секоја недела се добива нова задача со проектна реализација од основачите на овој светски проект -Khurram Whiz – Pakistan и Rania Lampou – Greece.
Преку овој проект се развиваат кај учениците следните компетенции; комуникација, соработка,иновативност,заедничко решавање на проблеми,критичко размислување како и развивање на информатичко комуникациски компетенции.Овој проект е не само предизвик за учениците туку и за самите наставници што укажува самата бројка на вклучени наставници од нашето училиште – вели наставничката Соња Јанкуловска
Како координатор на Македонија за овој проект можам слободно да кажам дека заедно со моите колеги –Кети Неделковска – наставник по математика, Марина Симоновска – наставник по математика, Биљана Додовска Георгиев-наставник по француски јазик и Снежана Тодоровска-наставник по англиски јазик успешно ги следиме чекорите во реализација и припрема на нашите ученици за нивната иднина .
За самите наставници ова е можност да ги усовршат своите вештини на 21 век, поврзаување со едукатори од целиот свет,користење на низа дигитални алатки и ресурси.
Во изминатиот период беа реализирани следните активности: надежна иднина, сè што може да се замисли е реално, негување компетенции, “Светот во 2030 година”.