Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: почина работник, паднал од скеле при изградбата на стадионот “Под Тумбекафе“

На 27.02.2019 околу 11.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на Градскиот стадион во Битола, при изведување градежни работи на објект во изградба, Д.Д. (58) од село Црнобуки, битолско, во еден момент изгубил рамнотежа и паднал од скеле на бетонска подлога.

Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди,  а во 19.30 часот починал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор.

Се преземаат мерки за расчитување на случајот.